Политика за приватност

Добре дојдовте на веб-сајтот на Schmitz Cargobull AG. Се разбира, за нас важни се заштитата на вашите лични податоци и нивната фер и транспарентна обработка. Потоа, би сакале да ги направиме достапни информациите, што ќе ги побарате за проверка и за преглед на вашите права за заштита на податоци.

1 Кој е одговорен за обработката на податоците?

Одговорен е:
Schmitz Cargobull AG
Bahnhofstraße 22
48612 Horstmar
Е-пошта:  info@cargobull.com

2 Како да стапите во контакт со одговорното лице за заштита на податоци?

Адресата за контакт на одговорното лице за заштита на податоци е:
Schmitz Cargobull AG
Bahnhofstraße 22
48612 Horstmar
Одговорно лице за заштита на податоци
Е-пошта: dataprotection@cargobull.com

3 За какви цели и со која законска основа ги обработуваме личните податоци?

Ако сурфате на нашиот веб-сајт или
ако стапите во контакт со нас, ќе добиеме лични податоци од вас.

Податоците ги обработуваме врз следните законски основи: 

  • ако изразите согласност (чл. 6 пар. 1 а DSGVO), на пр. ако сакате директно да контактираме со вас, регистрирајте се за да го добивате нашиот билтен или ако сакате да добивате соодветни рекламни понуди.
  • за исполнување на нашите обврски, што се предвидени со договорот (чл.6 пар.1 б DSGVO), на пр., ако купувате производи од нас.
  • Како претпријатие имаме разни правни обврски (чл.6 пар.1 в DSGVO). На пр., со законите за оданочување и за трговија, обврзани сме да чуваме некои документи.
  • Исто така, обработуваме податоци поради наши оправдани интереси (чл. 6 пар. 1 ѓ DSGVO). Меѓу другото, тука се подразбира и обработка на податоци поради директно рекламирање, продажна промоција, ИТ-безбедност и борба против измама, како и создавање псевдонимен кориснички профил за анализа и соодветен дизајн на веб-сајтот (следење).Имате право на приговор против обработката на податоци врз основа на свои оправдани интереси според чл. 21 пар. 1 DSGVO. 

3.1 Обработка на податоци на нашиот веб-сајт

3.1.1 Стапување во контакт со Schmitz Cargobull
Можете да поставувате ни прашања и со нас да споделувате информации преку формуларот за контакт, преку нашата адреса на е-пошта или преку телефон. Вашите податоци ги обработуваме само за да стапиме во контакт со вас на вашиот посакуван начин и за да се погрижиме за вашето барање (законска основа за тоа е чл. 6 пар. 1 точка а или б DSGVO).

3.1.2 Доставување на нашиот билтен
Можете да се пријавите за да го добивате нашиот билтен, за да добивате тековни понуди, новости за производите итн. Билтенот може да содржи и понуди од групацијата Schmitz Cargobull Gruppe.

На вашата адреса на е-пошта испраќаме рекламни материјали, во рамките на нашиот билтен, само ако сте се согласиле да ја користиме вашата адреса на е-пошта. Можете во секое време да ја откажете согласност за испраќање на билтенот, ако кликнете на линкот во билтенот или ако не известите преку info@cargobull.com.

За пријавување за нашиот билтен го користиме методот Double-Opt-in. Тоа значи дека откако ќе се пријавите, ќе ви испратиме порака на зададената адресата на е-пошта, во која ќе побараме потврда од вас дека сакате да добивате билтен. Исто така, ја зачувуваме и вашата IP-адреса и времето на пријавата и потврдувањето. Со тоа можеме да ја завериме вашата пријава и во даден случај да определиме дали некое трето лице ги злоупотребува вашите лични податоци.

3.1.3 Следење на билтенот
За да можеме да разбереме како се користи нашиот билтен, при испраќањето вршиме процена на тоа како се однесувате кога го користите билтенот. За таа намена, пораката преку е-пошта содржи таканаречени Web-Beacons, познати и како Tracking-Pixel. Тоа се слики со пиксели, коишто насочуваат кон нашиот веб-сајт и овозможуваат да се изврши процената. Ова се одвива со поставување Web-Beacons, коишто ја назначени на вашата адреса на е-пошта и се поврзани со вашата идентификација. Тие се наоѓаат и во линковите што се наоѓаат во билтенот.

Со добиените податоци создаваме кориснички профил, за да го обликуваме билтенот според вашите интереси. Притоа запишуваме кога сте го прочитале билтенот, на кои линкови сте кликнале и со тоа ги дознаваме вашите лични интереси. Овие податоци ги поврзуваме со дејствата што сте ги направиле на нашиот веб-сајт.

Во секое време може да се спротивставите на ова следење преку линкот што се наоѓа во секоја порака преку е-пошта. Информациите се складираат додека го откажете билтенот. По одјавувањето, податоците ги чуваме анонимно и само за статистички потреби.

Таквото следење е невозможно, ако во стандардните поставки на вашата програма за прегледување е-пошта е исклучен приказот на слики. Во тој случај билтенот не се прикажува целосно и нема да може да користите некои функции од него. Ако дозволите да се прикажат сликите, се одвива горенаведеното следење.

3.1.4 Други начини на рекламирање преку Schmitz Cargobull
Ако при нарачка ги добиеме вашата адреса на е-пошта и вашата поштенска адреса, ќе ги користиме овие податоци за да можеме преку е-пошта и регуларна пошта да ве информираме за некои слични понуди за производи и услуги. Ако нејќете да добивате понатамошни рекламни информации преку е-пошта и регуларна пошта, можете да ја прекинете таквата употреба на вашите податоци за во иднина, без да настанат дополнителни трошоци, освен трошоците за пренос според основната тарифа. Прекинувањето може да го наведете на следните адреси.

Schmitz Cargobull AG, Bahnhofstraße 22, 48612 Horstmar, е-пошта: info@cargobull.com

3.1.5 Кариера
Во нашата фирма можете да се пријавите по електронски пат, односно преку е-пошта или преку порталот за вработување. Податоците што ќе ги внесете ќе се користат исклучиво за разгледување на вашата апликација и првично ќе бидат искористени од страна на Schmitz Cargobull AG. Потоа апликацијата ќе се проследи до соодветното претпријатие од групацијата Schmitz Cargobull.

Имајте предвид дека нешифрираните испратени пораки преку е-пошта не се заштитени при преносот.

Ако сте се пријавиле на некое работно место, коешто е веќе зафатено или ако ние најдеме друго слично или подобро работно место вас, вашата апликација ќе ја проследиме внатре во претпријатието. Известете не ако не сакате да ја проследиме апликацијата.

Вашите лични податоци се бришат по завршување на постапката за пријавување, одн. по најмногу 6 месеца, ако не сте изразиле желба за подолго зачувување на вашите податоци или ако дошло до склучување договор. Законската основа е чл. 6 пар. 1 а,б и ѓ DSGVO, како и § 26 BDSG.

3.1.6 Како се користат колачињата на овој веб-сајт?
Кога го користите нашиот веб-сајт, на вашиот компјутер се зачувуваат колачиња. Колачињата претставуваат мали текстуални датотеки, коишто се зачувуваат на тврдиот диск, се назначени на прелистувачот што го користите и со кои се натрупуваат определени информации на местото каде што се наоѓаат. Колачињата не може да извршуваат програма или да пренесат вируси на вашиот компјутер. Служат за да го направат веб-сајтот покорисен и поефективен. Колачиња поставуваме и за да ве идентификуваме при вашата следна посета на веб-сајтот, во случај да имате сметка кај нас. Во спротивно би морале да се најавувате при секоја посета.

Овој веб-сајт ги користи следните типови колачиња, чии опсег и функционалност се објаснети подолу:

Привремени колачиња
Овие колачиња се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот. Тука особено спаѓаат сесиските колачиња. Тие зачувуваат таканаречена идентификација на сесијата, со кои се назначуваат разни барања од прелистувачот на заедничката сесија. Со тоа може да се препознае вашиот компјутер, ако се вратите на нашиот веб-сајт. Сесиските колачиња се бришат, ако се одјавите или ако го исклучите прелистувачот.

Трајни колачиња
Овие колачиња се бришат автоматски после зададен период, којшто се определува во зависност од колачето. Во секое време можете да ги избришете во поставките за безбедност на прелистувачот.

Флеш-колачиња
Користените флеш-колачиња не ги препознава прелистувачот, туку вашиот Flash-додаток. Исто така, користиме и HTML5-објекти за складирање, коишто се зачувуваат на крајниот уред. Овие објекти ги зачувуваат потребните податоци независно од прелистувачот што го користите и немаат автоматски рок на траење. Ако не сакате да се користат флеш-колачиња, мора да инсталирате соодветен додаток, на пр., „Better Privacy“ за Mozilla Firefox (https://addons.mozilla.org/de/firefox/addon/betterprivacy/) или Adobe-Flash-Killer-Cookie за Google Chrome. Може да спречите употреба на HTML5-објекти за складирање, ако поставите режим на приватност во вашиот прелистувач. Затоа препорачуваме, редовно да ги бришете колачињата и претходните прелистувања во вашиот прелистувач.

Спречување колачиња
Поставките на прелистувачот можете да ги конфигурирате по ваша желба и да спречите употреба на колачиња од трето лице или на сите колачиња. Имајте предвид дека со тоа нема да можете да ги користите сите функции на веб-сајтот.

3.1.7 Анализа на веб-сајтот
Го користиме софтверот за веб-анализа Matomo (понекогаш Piwik) (www.matomo.org), услуга на InnoCraft Ltd., 150 Willis St, 6011 Wellington, Neuseeland, („Matomo“). Со тоа може да се создаваат и анализираат псевдонимни кориснички профили и да се поставуваат колачиња. Податоците што се собрани со технологијата Matomo (заедно со вашата псевдонимна IP-адреса) се обработуваат на нашиот сервер.

Генерираните информации од колачето во псевдонимниот кориснички профил не се користат за да се идентификува корисникот лично и не се комбинира со лични податоци преку сопственикот на псевдонимот.

Ако не се согласувате со зачувување и анализа на овие податоци од вашата посета, во секое време можете да ги откажете зачувувањето и употребата со едноставно кликање со глувчето. Во тој случај на прелистувачот се зачувува колачето Opt-Out, со што се спречува Matomo да собира сесиски податоци . Имајте предвид дека целосното бришење на колачињата значи и бришење на колачето Opt-Out, по што ќе треба повторно да го активирате.

Законската основа е чл. 6 пар. 1 точка ѓ DSGVO. Нашиот оправдан интерес лежи во статистичката анализа на однесувањето на корисникот, поради оптимизација и маркетинг.

3.2 Обработка на податоци на изложбени саеми
Ако вашите податоци за контакт ги споделите со нас на изложбен саем, на пр., ако ни дадете визит-картичка, ако учествувате во наградна игра (погледнете 3.1.2.), или ако се регистрирате за да го добивате нашиот билтен (погледнете 3.1.3.), овие податоци ќе ги зачуваме во нашиот CRM-систем. Вашите податоци ги користиме, за да стапиме во контакт со вас на начинот што го посакувате, за да создадеме деловен однос и за да ви овозможиме материјали со информации.

3.3 Обработка на податоци при телефонска поддршка
Ако се јавите на телефонот на нашата поддршка, ако е потребно за обработка, ги зачувуваме вашето име, името на вашата фирма, вашето барање и податоците за контакт. Вашите податоци се користат за да се разгледа вашето барање. Законската основа е чл. 6 пар. 1 б и ѓ DSGVO.

Разговорот се снима само ако се согласите за тоа (§ 6 пар. 1 a DSGVO). Разговорот се снима за да се провери и подобри квалитетот на нашата корисничка поддршка.

4 Дали моите податоци се споделуваат со трето лице?

За да може Schmitz Cargobull соодветно да ги обработи вашите податоци за наведените цели, може да биде потребно друг примач да ги преземе и да ги обработи податоците.

4.1 Примачи во групацијата Schmitz Cargobull
Во определени случаи може да биде потребно, вашите податоци да ги обработува целата групација. Обработката на податоци во групацијата Schmitz Cargobull се одвива само ако поседуваме правна основа за тоа. Тоа е случај, на пр., ако се ангажирани други претпријатија од групацијата Schmitz Cargobull Gruppe во рамките на обработката на нарачката или ако постои оправдан интерес според чл. 6 пар.1 ѓ DSGVO.

4.2 Надворешен соработник (компанија за обработка на податоци)
Вашите податоци се даваат на надворешни соработници, ако соработниците работат во наше име и ако ја поддржуваат Schmitz Cargobull во вршењето на нејзините услуги. Ако го откажете нашиот билтен, имаме ангажирано соработник што се занимава со испраќање пошта.

Обработката на вашите податоци од страна на надворешен соработник се одвива во рамките на обработката на нарачката според чл. 28 DSGVO.

4.3 Други надворешни соработници, партнери и трети лица
Schmitz Cargobull може да соработува со други партнери, ако тоа е потребно за исполнување на понудата за услуга или ако сме законски обврзани за да откриеме податоци.

Голема важност даваме на тоа, обработката на податоци да се одвива во ЕУ. Сепак, може да се случи да соработуваме со надворешен соработник што делува надвор од ЕУ. Во тој случај се грижиме споделувањето на вашите лични податоци да се одвива со соодветно ниво на заштита. Со тоа се подразбира дека преку стандардните договори што важат за ЕУ или преку утврдување на адекватноста, како што е Штитот за приватност на ЕУ, се постигнува ниво на заштита на податоците, коешто одговара на стандардите во ЕУ.

5 Колку време се чуваат моите податоци?

Личните податоци на определено лице ги бришеме, ако нема причина за чувањето и ако бришењето не се коси со правните рокови за чување.

6 Кои права ги имам и како да ги направам важечки?

Кон нас ги имате следните права во врска со личните податоци:

6.1 Општи права
Имате право на информирање, исправка, бришење, ограничување на обработката, спречување на обработката и преносливост на податоците. Ако обработката зависи од ваша согласност, имате право за во иднина да ја откажете.

6.2 Права при обработка на податоците според оправдан интерес
Според чл. 21 пар.1 DSGVO имате право, од причини што настануваат од определена ситуација, во секое време да ја откажете обработката на личните податоци, којашто настанува врз основа на чл. 6 пар.1 д DSGVO (обработка на податоци од јавен интерес) или врз основа на член 6 пар.1 ѓ DSGVO (обработка на податоци за заштита на оправдан интерес). Ова важи и за заштитено профилирање врз основа на оваа одредба. Ако ја откажете обработката, нема повеќе да ги обработуваме вашите лични податоци, освен ако можеме да се спротивставиме на тоа врз легитимна основа, што ги надминува вашите интереси, права и слободи, или ако обработката служи за наметнување, практикување или бранење на законските права.

6.3 Права при директен маркетинг
Ако ги обработуваме вашите лични податоци поради директен маркетинг, имате право, според чл. 21 пар. 2 DSGVO, да ја откажете обработката на личните податоци, а тоа важи и за профилирањето, ако е поврзано со таквиот директен маркетинг.

Ако ја откажете обработката на податоци, наменета за директен маркетинг, повеќе нема да ги користиме вашите податоци за таа намена.

6.4 Право на жалба кај надзорен орган
Исто така, имате право да се жалите кај надзорен орган за заштита на податоци поради обработка на личните податоци од наша страна.

7 Друго

7.1.1 Измени во политиката за приватност
Политиката за приватност ќе се прилагодува на понатамошното развивање на интернетот или на нашите понуди. Измените навремено ќе ги објавуваме на веб-сајтот. За да се информирате за тековните услови на нашата политика за приватност, треба редовно да го посетувате нашиот веб-сајт.

7.1.2 Линкови до други веб-сајтови
Нашите веб-сајтови може да содржат линкови до веб-сајтови на други компании. Имајте предвид, дека оваа политика за приватност важи само за веб-сајтовите на Schmitz Cargobull. Немаме влијание и контрола врз тоа, дали другите компании се придржуваат до важечките услови на полисата за приватност.