M.KI Моторни возила со кипери

Камиони со кипери

Вие го избирате моторното возило, ние го градиме оптималниот моторен кипер на основа на сите тековни возила со три и четири оски од водечките произведувачи. Притоа можете да избирате помеѓу заоблените челични и обични челични конструкции со волумен меѓу 13,8 m3 и 19,1 m3, зависно должината на шасијата на возилото и намената. Ви ги испорачуваме и висококвалитетните конструкции за моторни кипери на Schmitz Cargobull во вид на монтажна опрема по мерка за возилата кои веќе ги поседувате - вклучувајќи и боење на конструкцијата со боите на вашето претпријатие.

Киперите на Schmitz Cargobull се оптимално подготвени за следни произведувачи на моторни возила:

  • DAF
  • IVECO
  • MAN
  • Mercedes-Benz
  • Renault Trucks
  • Scania
  • Volvo

Програмата од конструкции за моторни кипери дозволува едноставна комбинација со современите концепти на осни погони на произведувачите. Од погон со 3 оски и погон на задна оска до тешки возила со четири погонски оски – ја имаме соодветната конструкција за секое е возило и тежинска категорија. Пет должини, две висини и две дебелини на ѕидовите и четири врати создаваат вкупно 36 верзии на заоблени челични конструкции.

Градиме челични конструкции за потребите на вашите проектни задачи: Одговараат на специфичните услови за работа и гломазните товари

Предностите на повидок

  • Кипери за моторни возила од сите водечки марки
  • По избор за шасии со 3 и 4 оски
  • Сериско производство со највисок квалитет според секакви барања
  • Конструкции со четири должини и две висини на страници
Моторни возила со кипери