Полуприколка со церада S.CS MEGA

Возило со голем волумен со висина на товарен простор до 3.000 mm.

S.CS. MEGA со врвната технологија VARIOS со конструкција чија висина може да се менува, Ви ги нуди сите предности на концептот со церада и оптимални услови во сообраќајот за голем волумен – особено за клиенти од автомобилската индустрија: Висината на товарниот простор од 3.000 mm овозможува транспорт на 3 палети една врз друга. При товарање со евро-палети можат да се товарат 34 палети на едно ниво. Серискиот лифт на кровот може да се крене на едната или на двете страни за товарање со палетарка. Ако се отвори кровот одозгора, товарниот простор е достапен и за товарање со кран. Со пневматската амортизација MRH потребен Ви е само еден потег со раката за израмнување на висината меѓу товарниот простор на возилото и рампата.

Предностите на повидок:

  • Висина на товарен простор од 3.000 mm за три палети една врз друга
  • Осигурување на товарот според DIN EN 12642 (Код XL) и сертифицирано според DL-директивата 9.5
  • Покрив со лифт и на отворање за краткотрајно товарање со палетарка и со кран
  • Задни врати од алуминиум со шарки со еден зглоб кои лесно се одржуваат и двојни внатрешно поставени брави на завртување
  • Товарен волумен од 100 m³ за вкупно 96 палети
Your High-Volume Vehicle with 3,000 mm Cargo Area HeightThe usable internal height of up to 3,050 mm gives you room for 3 stacked boxes for automotive transport.The S.CS MEGA is available for use in fixed truck combinations even without VARIOS TopTechnology.