Сервисни партнери

Сервисни партнери

Добре дојдовте во делот за сервисни партнери, во кој ќе ги најдете сите информации за справување со гаранција, техничка поддршка, систем за поправки на Cargobull и резервни делови.
Во рамките на договореното партнерство, како сервисен партнер смеете да прифаќате и поправате приколки под гаранција од купувачи на Schmitz Cargobull. Спроведувањето се одвива според стандардизирани услови. Притоа треба да внимавате на следното:
Да го утврдите на гарантниот период
Да утврдите дали барањето за гаранција на клиентот е правилно или дали се работи за неисправни потрошни делови или насилни оштетувања
Пред да започнете со поправка, барањето за гаранција мора да се приложи до корисничката служба

Овде во делот за преземање, под основните информации, можете да го најдете барањето за гаранција:


Во случај на поправка, работилницата мора брзо да ги најде соодветните резервни делови за приколката. Затоа Schmitz Cargobull разви систем, EPOS = електронски систем за документација на делови и нарачување.
Резервните делови не само што може брзо да се идентификуваат, туку и со само еден клик со глувчето можете отидете во кошничката и да нарачате.

За поправки и одржување, како и за проверки што ги изведувате на приколки со договор за целосна услуга, на сервисниот портал ви е достапен системот за поправки преку интернет на Schmitz Cargobull.

Таму се наведени сите возила со договор за целосна услуга со опширни информации за опремата на приколката како и датумите за одржување и законските проверки.

Сè уште не сте го активирале системот за поправки на Cargobull?
Тогаш обратете ни се: fullservice@cargobull.com

Сакате да станете сервисен партнер на Schmitz Cargobull?
На нашите договорени работилници им ги поставуваме следните услови:

Опременост, можности и квалитет на работилницата според условите на Schmitz Cargobull
Квалификуван персонал, подготвен за понатамошна надградба
Обезбедување квалификуван сервис при дефекти 24/7
Идентификација со производите и услугите за „Корпоративен идентитет“ на Schmitz Cargobull
Внатрешно управување со квалитет и SCB QM-подготвеност за ревизија
Употреба на сервисниот портал на Cargobull со системите на Schmitz Cargobull

Сè на сè, ова значи подготвеност за инвестиција за:
Обуки на работниците: Почетни и понатамошни обуки од Schmitz Cargobull во врска со спроведување и техничка обука за производи
EBS -дијагноза од Knorr и Wabco во најнова верзија - хардвер / софтвер / обучен персонал
Почетна залиха на резервни делови и нивни ажурирања
Алатки и софтвер и нивни ажурирања
Промоција на корпоративен идентитет

Во врска со транспортниот ладилник постојат и услови во областа на електротехниката и ладењето во зависност од државата.

Апликација на ASM-EU.Support@cargbull.com со приложена изјава.

  • Како може една работилница да добие пристап до системот за поправки на Cargobull?
    Само нашите сервисни партнери коишто имаат склучен договор за работилница добиваат пристап до системот за поправки на Cargobull.
    Контакт: Е-пошта: fullserivce@cargobull.com
  • Каде и како можам да поднесам барање за гаранција?
    Ако сакате да поднесете барање за гаранција за приколка, обратете се до централната корисничка служба преку CWCM@cargobull.com
  • Како и каде може да се пријавам за обука за во работилница и кои обуки се достапни?
    Можете да најдете информации за нашите курсеви за обука за работилници за сертифицирани сервисни партнери на https://campus.cargobull.com/ или на college@cargobull.com
  • Каде да нарачам резервни делови?
    Резервните делови може да се нарачаат преку веб-продавницата на сервисниот портал:
    https://www.cargobull-serviceportal.de
    во полето „Делови за приколки преку интернет“
  • Како да добијам опрема со CI „Корпоративен идентитет“ за сервисен партнер?
    www.cargobull-fanshop.de
    Ако немате податоци за најавување, испратете порака преку е-пошта на ASM-EU.Support@cargobull.com
  • Каде може да добијам одговор на прашањата за сервисирање или поправка?
    За сите технички прашања има достапна „Линија за техничка поддршка“ којашто е отворена во работното време:
    Приколка: +49 2558 81 2888 или sp@cargobull.com
    Ладилник: +49 2558 81 2588 или transportkaeltemaschine@cargobull.com
    Надвор од работното време може да се обратите до Cargobull Euroservice на бројот 00800 24 227 462 855.