SmartTrailer
Во иновативниот концепт SmartTrailer од Schmitz Cargobull се спојуваат предностите на телематиката за приколки со целата докажана опрема на возилата во едно ефикасно транспортно решение.

Предности
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
Шест добри причини за TrailerConnect®
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
-
Прочитајте повеќе
Уред за управување TrailerConnect®
Уред за управување TrailerConnect® е главен дел од нашата телематика. Универзалните можности за употреба овозможуваат најголема флексибилност. Залемената SIM-картичка спречува дефекти, а затворената поставеност овозможува безбедност и заштита од манипулации.
- Максимална безбедност благодарение на авто-мото стандардите во согласност со највисоката класа на заштита IP69K
- Целосна функционалност меѓу -40 °C и + 85 °C
- Цврста конструкција за долготрајна издржливост и примена при екстремни услови
- Едноставна и достојна дијагноза благодарение на професионалниот софтвер за пократко време на сервисирање
- Модуларен систем што може да скалира: од основно решение до целосна опременост
Преку уредот за управување со телематика TrailerConnect® во SmartTrailer лесно и безжично се инсталираат нови функции и ажурирања. На тој начин, сите возила со SmartTrailer се ажурираат за многу кратко време, без да се оди на сервис.
Компоненти на TrailerConnect®
-
Стандардни компоненти
-
Сензори како дополнителна опција
-
Термограф
- Уредот за управување со телематика и најмногу шест сензора во товарниот простор го овозможуваат записот на температурата според DIN EN 12830
Прочитајте повеќе -
Акумулатор за телематика
- Акумулаторот за телематика, што може да се загрее за полнење, овозможува мирување кога приколката не е поврзана
Прочитајте повеќе -
Работни податоци од ладилникот
- Ладилникот ги определува податоците за статус, работа и дијагноза
Прочитајте повеќе -
Работни податоци EBS
- Системот за кочење ги определува податоците за статус, работа и дијагноза
Прочитајте повеќе -
Сензор за движење
- Сензорот за забрзување во уредот за управување со телематика ги утврдува мирување и движењето на возилото
Прочитајте повеќе -
WLAN
- WLAN-модулот, вграден во уредот за управување, овозможува приказ и работа со возилото преки апликацијата beSmart
Прочитајте повеќе
-
Сензор за спојување
- Системот за надгледување на притисокот во гумите препознава поставен влекач
Прочитајте повеќе -
Печатач за температура
- Печатач на предниот ѕид овозможува отпечатување на податоците за температура
Прочитајте повеќе -
Приказ за истрошеност на плочката на кочницата
- Новите сензори определуваат колку се истрошени плочките на кочниците во која позиција се наоѓа тркалото
Прочитајте повеќе -
Прецизен одометар
- Со ABS-сензор и GPS се пресметува километражата прецизно. Дури и ако не е приклучен спиралниот EBS-кабел
Прочитајте повеќе -
Сензор на задната врата
- Вграден електронски сензор во задната врата ја надгледува позицијата на вратите. Дури и кога приколката не е поставена на петто тркало
Прочитајте повеќе -
Уред за надгледување на батеријата
- Одделни харверски делови ја надгледуваат состојбата на батеријата на ладилникот
Прочитајте повеќе -
Систем за затворање
- Систем за затворање поставен во задната врата овозможува целосна контрола врз пристапот и далечинско управување преку телематиката
Прочитајте повеќе -
Систем за контрола на притисок во гумите
- Сензорите во бандажите ги мерат притисокот и температурата во гумите и го пренесуваат до приемникот во уредот за управување со телематика
Прочитајте повеќе -
Сензор во резервоарот со Приказ
- Вграден сензор во резервоарот на ладилникот го определува и надгледува нивото на гориво дури и кога ладилникот е исклучен
Прочитајте повеќе -
Препознавање на влекачот
- RFID-приемник на предниот ѕид го идентификува RFID-транспондерот на влекачот
Прочитајте повеќе
Опрема за телематика
- По проверка на техничките услови, возилото може да се опреми.
- За постари возила и за возила од странски произведувачи во возниот парк.
- Обратете ни се на: Телефон +49 2558 81-1818 или е-пошта: helpdesk@trailerconnect.de
Апликација beSmart за TrailerConnect® - за употреба на SmartTrailer
Преку апликацијата beSmart, возачите имаат постојан преглед врз состојбата на приколката и по потреба можат брзо да реагираат. Вградениот WLAN-модул на приколката овозможува комуникација помеѓу уредот за управување на телематиката и паметниот телефон. Со тоа нема да пропушите важни пораки или известувања.
Ново:Апликацијата beSmart е достапна на 23 јазик (германски, англиски, босански, дански, естонски, фински, француски, грчки, италијански, холандски, хрватски, литвански, норвешки, полски, португалски, романски, руски, шведски, српски, шпански, чешки, турски, унгарски)
- Анализа на температурата во товарниот простор: Погледнете ја моменталната температура и управувајте со печатачот за температура директно од паметниот телефон
- Надгледување и управување со ладилникот: Внимавајте на работните податоци на ладилникот
- Контрола врз истрошеноста на плочките на кочницата: Избегнувајте дефекти и оптимално планирајте ги времињата поминати во сервисната служба. Апликацијата beSmart ви ја прикажува состојбата на плочките на кочниците
- Осно оптоварување: Подобрете ја безбедноста на пат и намалете го оштетувањето на приколката. Проверете дали осното оптоварување одговара со документите за испорака
- Контрола на состојбата на гумите: Имајте преглед врз притисокот и температурата во гумите за да избегнете дефекти и побрзо трошење
- Систем за затворање на задната врата: Преку апликацијата beSmart можете лесно и едноставно да управувате со системот за затворање на вратите, заштитен со PIN-код
Прирачник за употреба
Овде можете да погледнете како да ја поврзете апликацијата beSmart со SmartTrailer, детален приказ за поединечни функции и бројни совети за употреба на апликацијата.
Овде се наоѓа упатство за употреба на апликацијата beSmart.
Медиуми
-
Прирачник за употреба на апликацијата beSmart
-
Кратка информација за телематиката TrailerConnect®
-
Прирачник - телематика на Schmitz Cargobull
ЧПП
-
Зошто телематиката TrailerConnect®, особено во S.KO Cool Smart, е иновативна опрема?Со помош на телематиката во приколката, многу процеси за надгледување и управување на возилото товарот се поефикасни и потранспарентни, а со тоа се овозможува значителна оптимизација.
-
Кои предности ми ги овозможува еден OEM-систем?Сите компоненти во приколката се оптимално поврзани во мрежа, одговараат едни со други и се професионално инсталирани според тековните авто-мото стандарди. Тоа овозможува висок квалитет и максимална достапност на системот.
-
Освен информациите за местоположба - што уште може телематиката на мојата приколка?Покрај информациите за местоположбата, телематиката на приколката овозможува интелигентно поврзување во мрежа и брза дијагноза на сите компоненти како и систем за безбедно управување со температура. Со вистинскиот систем за телематика се оптимизираат процесите и се зголемува безбедноста при транспорт.