Резервни делови

Резервни делови

Брзо, низ цела Европа, оригинални делови во рок од 24 часа

Брза испорака на резервните делови низ цела Европа

Брзо ќе ги добиете потребните резервни делови. Ги имаме на лагер скоро сите оригинални компоненти, делови од шасијата и потрошни делови во нашиот центар и во 29 дистрибутивни центри во Европа. Испорачуваме и оригинални делови од системските партнери и доставувачи. Го запазуваме квалитетот на марката и оригиналните делови, затоа што само со употреба на оригинални делови може да се задржи гаранцијата од произведувачот.

EPOS-портал - еднаствно пријатно

Морате да замените дел од вашата приколка? Нема проблем. Преку базата со податоци за резервни делови EPOS (Electronic Parts Ordering System) на Schmitz Cargobull можете лесно да го нарачате вистинкиот резервен дел. Потребен ви е само бројот на шасија на возилото, затоа што во порталот EPOS се наведени списоците со делови за сите приколки од Schmitz Cargobull. Со опцијата за следење можете да ја состојбата на испораката во секое време.

Предности:
  • Брза идентификација на резервните делови
  • Оригинални резервни делови од Schmitz Cargobull и од другите произведувачи
  • 95 % од сите делови се достапни на лагер
  • 29 дистрибутивни центри во Европа
  • Каде можам да добијам резервни делови и како можам да ги нарачам?
    Cargobull Parts & Services ви овозможува сигурна и пријатна можност за нарачување преку бесплатната употреба на веб-продавницата (www.cargobull-serviceportal.de). Со тоа можете да избирате до 80.000 резервни делови преку интернет. За понатамошни прашања можете да ни се обратите преку телефонската линија за резервни делови: +49 2558 81 - 29 99 или преку е-пошта: ersatzteile@cargobull.com
  • Како да добијам информации за цена и достапност на производот?
    Откако ќе се регистрирате на нашиотсервисен портал за кратко ќе ви ги испратиме податоците за пристап. Откако ќе се најавите, во полето за пребарување се појавуваат цените, а во делот за залихи или во кошничката се прикажува достапноста на производите.
  • Што е EPOS?
    Вградените делови и компоненти од познати произведувачи во нашите возила се наведени во EPOS (електронски систем за нарачување делови), комплетен систем за документација и нарачување резервни делови на Schmitz Cargobull. На тој начин можете сигурно и брзо да ги идентификувате правилните делови за соодветната конструкција. EPOS, исто како и нашата веб-продавница, е дел од нашиот сервисен портал, преку кој на едноставен начин преку интернет може да се нарачаат резервните делови.
  • Како можам да ги вратам непотребните артикли?
    Враќањето на производите можете лесно да го извршите преку алатката за враќање производи на сервисниот портал. За прашање околу алатката за враќање производи обратете се до одговорниот партнер за нарачки на резервни делови: +49 2558 81 - 29 99 или преку е-пошта: ersatzteile@cargobull.com
  • Покрај деловите од Schmitz Cargobull, дали кај вас можам да купам и резервни делови од други произведувачи?
    Од нас можете да ги добиете сите делови за приколката, делови од конструкција од Schmitz Cargobull и сите потрошни делови од познати произведувачи. Сè на едно место. За потрошни делови во големи количини можеме да ви подготвиме специјална понуда. Обратете ни се преку следната адреса на е-пошта: Angebotswesen.Ersatzteile@Cargobull.com