Полуприколка со тврда страна S.KO COOL возило со ладилник

Кратка шасија

Вредна, долготрајна и оптимизирана за Вашите транспортни потреби.

Зашрафената и поцинкувана кратка шасија го претвора S.KO COOL во супериорна алтернатива со повисок товар и повеќе волумен. И осниот агрегат со погонската технологија на ROTOS поставува врвни стандарди преку безбедноста при возење, спектарот на опрема и лесната одржливост.

Самостојната FERROPLAST приколка ја прави непотребна целосната шасија со низок врат кај ладилниците. Кратката шасија MODULOS заштедува тежина и овозможува поголема висина на товарниот простор. За сигурна инвестиција се грижи 10-годишната гаранција против ’рѓосување: Сите челични елементи пред монтирање се обложуваат со огноотпорен материјал. Робусните горни рамки со дијагоналните потпори нудат поголема стабилност – дури и со посилен контакт со рампата за товарање. И во случај да се оштетат деловите на шасијата, можат едноставно да се заменат со олабавување на шрафовите, без да се оштети слојот против корозија.

Предностите на повидок

  • Тежински оптимизирана кратка шасија за поголема внатрешна висина во товарниот простор
  • Комплетно обложена со огноотпорен материјал за поголема заштита од корозија
  • 10-годишна гаранција против ’рѓосување
  • Зашрафена конструкција која е лесна за поправање
  • Подготвена за монтирање на сите дополнителни делови од опремата
Кратка шасија