Cargobull eBrief

Cargobull eBrief

верзија 01/2026

Новиот S.CU dc90

Поголема ефикасност во транспортот со контролирана температура.

Новиот S.CU dc90 разладен уред нуди до 6%* поголем капацитет на ладење и ја намалува потрошувачката на гориво до 10%*. Ова ги намалува оперативните трошоци и ја зголемува сигурноста при секојдневната употреба. Максимален капацитет за ладење и кратко време на чекање: S.CU dc90 ја доведува приколката до целната температура* до 30 минути побрзо – дури и во екстремни надворешни услови, п.р. +30°C надворешна температура и целна температура од -20°C во приколката. Во секојдневниот транспорт, ова значи побрзо стартување, побрза испорака и побрз профит.

Полу-херметички затворениот компресори оптимизираниот Common Rail дизел мотор обезбедуваат ефикасно работење, дури и во тешки услови. Нивото на бучава е намалено, што го олеснува користењето во чувствителни области.

Со фреонот R454A,разладниот уред S.CU dc90 не само што ги исполнува барањата на регулативата на EU за F-гасови, туку ја намалува и еквивалентната вредност на  CO₂ за 89%**.

Разладниот уред S.CU dc90 е погоден за едно и повеќе коморен систем и поддржува алтернативни горива како што е HVO100. Ова значи максимална флексибилност за различни потреби.

S.CU dc90 е решението што го подготвува транспортот за иднината.

Повеќе моќ, помала потрошувачка – инвестиција што се исплати

*Во споредба со претходниот модел (S.CU dc85)
**Споредба со претходниот фреон (R452A)

S.KI LIGHT кипер

Ново алуминиумско корито и full-service услуга за максимална ефикасност.

За уште поголема ефикасност во градежништвото и земјоделскиот транспорт, S.KI LIGHT нуди ново алуминиумско корито. Тој е робустен за тешки товари и импресионира со својот оптимизиран дизајн за подолг век на траење.

Благодарение на фината изработка и зајакнатите материјали на надворешноста, S.KI LIGHT е особено лесна за чистење и оджување. Киперот S.KI е дизајниран за тешки товари.

Full service пакетот за киперот S.KI ги опфаќа основните компоненти специфични за киперот како што се цилиндри за кипање и хидраулика. Ова вклучува замена и поправка на сите стандардни потрошни делови на киперот. Достапни се и опционални пакети за коритото и прекривната церада.

 

Вашите предности во секој транспорт:

Максимално време на работа благодарение на брзо одобрување на поправки.
Покриеност низ цела Европа со вклучен сервис на пат со Cargobull Euroservice
Едноставно: една фактура, едно контакт лице

Без разлика дали станува збор за сервисирање на компоненти за приколки или меѓународни опции за сервисирање – ние го прилагодуваме опсегот на вашите потреби. Вашиот возен парк останува ефикасен и можете да се концентрирате на вашиот бизнис.

Добијте full service сега и започнете без никакви грижи!

Новото LED стоп светло од Schmitz Cargobull

За јасна видливост и максимална безбедност

Добрата видливост ја зголемува безбедноста во секојдневниот транспорт. Новото LED стоп светло од Schmitz Cargobull обезбедува прецизни светлосни сигнали, е робусно и бара малку оджување.

Модерната LED технологија и јасно структурираниот дизајн обезбедуваат долг век на траење и висока видливост.

Вашите предности:

Поголема безбедност на патот – неспоредлива осветленост и видливост
Ефикасна и издржлива -енергетски ефикасната LED технологија ги намалува трошоците и обезбедува долг век на траење.
Робустен и модерен дизајн за секојдневна употреба - отпорни компоненти за тешка употреба во транспортниот бизнис.

Value Parts

Повеќе километри за постари приколки

Со Value Parts, Schmitz Cargobull ви нуди програма за резервни делови прилагодена за  по стари приколки – совршени за економични поправки по фер пазарна вредност. Во ваша корист од докажаниот квалитет на Schmitz Cargobull по фер цена:

До 73% пониски цени од оригиналните делови, со сигурна точност на вклопување и висока оперативна сигурност.

Вашите предности:

  • Оптимизирани трошоци: оптимална вредност за парите за постари приколки, што ги прави поправките повторно исплатливи.
  • Квалитет & Безбедност: Schmitz Cargobull-тестирани, специфицирани резервни делови, погодни за вашата приколка.
  • Достапност: високи ниво на залиха и брза испорака со минимално време на застој.

Дознајте повеќе за Value Parts тука:


Користење на Value Parts

Одете на нашата страница за Value Parts онлајн и разгледајте го асортиманот: од дискови до плочки за кочење. Нарачајте лесно преку порталот EPOS користејќи го вашиот број на шасија - безбедно и без грешки. Искористете го времето за работа со помалку напор, предвидливи трошоци за возниот парк и повеќе време на работа.

Центар за управување со податоци TrailerConnect® и TourTrack.

Ефикасноста реимагинирана

Имајте преглед, автоматизирајте ги процесите и зголемете ја вашата ефикасност со Центарот за управување со податоци (DMC) на TrailerConnect® и TrailerConnect® TourTrack. Сите ваши податоци за транспорт преку еден портал.

Сè на прв поглед: Следете ги вашите приколки, до последен километар во реално време - идеално за чувствителен транспорт како што е фармацевтскиот. Благодарение на лесната интеграција на подизведувачи и добавувачи од трети страни, добивате целосна слика за вашиот возен парк.

Споделувајте податоци на контролиран начин:  Вие одлучувате кога, колку долго и со кого ќе се споделуваат податоците од турите. Вашите податоци остануваат безбедни и во согласност со GDPR.

Автоматизирајте ги процесите: помала интервенција, поголема транспарентност. внесете интерфејс, како и автоматски алармни пораки за намалување на напорот и ризиците.

Поврзување тури: Со TourTrack, можете да ги поврзете планираните тури од TMS со реалните пратки. Можете да идентификувате отстапувања рано, а извештаите за температурата се пренесуваат автоматски - за максимална транспарентност и задоволство.

Флексибилно и прилагодливо: Плаќате само за она што го користите. Ова ви овозможува да ги држите трошоците под контрола.

Заклучок: повеќе контрола, помалку напор – се на еден портал.