WOODSIDE HAULAGE

WOODSIDE HAULAGE

„Квалитетот на изградба од Schmitz Cargobull навистина е без конкуренција... возилата ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и безбедност.“ МАКР ВУДСАЈД, ДИРЕКТОР, WOODSIDE HAULAGE

Приказна од клиент: Woodside Haulage

ПРЕДИЗВИКОТ
Woodside Haulage транспортира товар од дејностите за продажба, градежништво, пакување и рециклирање помеѓу Велика Британија и Ирска за компании за производство, продажба и индустрија. За таа цел специјализираната компанија за транспорт и логистика има потреба од приколки што се доволно достојни и цврсти да издржат транспорт со ферибот седум дена во неделата. Компанијата, што може да се пофали со искуство од 50 години и што припаѓа на групацијата Woodside Logistics, има локации во Белинур, Белфаст, Даблин, Ливерпул и Престон.

РЕШЕНИЕТО
За да одговори на сè поголемиот број побарувачки и истовремено да ги намали вкупните работни трошоци, Woodside Haulage го удвои бројот приколки од Schmitz Cargobull и во својот возен парк додаде уште 20 приколки со церада FIXED ROOF. Секоја од нив е произведена на основа на шасијата со висока технологија од поцинкуван челик и алуминиум, што ги прави приколките многу отпорни на корозија и лесни за одржување.
Исто така, приколките се опремени со дополнително осветлување и сензори поставени на задната страна за закачување на товарни места за да се овозможи поголема безбедност. Дополнителна причина за Woodside Haulage беше и фактот дека сите возила имаат поминато силни тестови пред да влезат во сериско производство. Во центарот за валидација на Schmitz Cargobull (CVC) сите прототипови подлежат на серија тестови под строги услови; меѓудругото подлежат на симулација со хидропулсни рути од еден милион километри на различни типови улици. Производите излегуваат на пазар штом ќе се исполнат сите секојдневни потреби. Прецизно произведените приколки се познати и по тоа што се одликуваат со голема повратна вредност.

РЕЗУЛТАТИТЕ
Директорот на Woodside Haulage, Марк Вудсајд, вели: „Транспортираме роба на фериботови и нашите приколки интензивно се користат во предизвикувачки временски план, па затоа имаме потреба од апсолутна доверба во нивниот квалитет. Квалитетот на изградба од Schmitz Cargobull навистина е без конкуренција. Целосно поцинкуваната шасија нуди заштита од корозија, а ние знаеме дека тие го задржуваат својот добар изглед низ целиот работен век. Имаме приколки што ги користиме и по 15 години и знаеме дека тоа е случај и со новите приколки.“ Тој потоа додаде: „Безбедноста е дополнителен важен фактор за нас, па затоа ги опремивме нашите приколки со дополнителни опции за да овозможиме поголема безбедност за возачот и товарот за време на транспортот.“ Фактот дека сите производи на Schmitz Cargobull подлежат на строги тестови ни дава сигурност дека системите ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет и безбедност.“