Прицврстување на товарот

Прицврстување на товарот

Товарот мора да се прицврстува - иако ова е тешко да сее изведе во тешкото работно секојдневие. Прицврстувањето на товарот мора да се извршува едноставно и брзо.
Flexible load securing options in the S.CS curtainsider semi-trailer

Законски рамки

Прицврстувањето на товарот при транспорт на стоки е тема за која постојат разни спецификации за да овозможи побезбеден транспорт. Заштитата важи за возилото, товарот и сите останати учесници во секојдневниот транспорт. Покрај законските прописи, треба да се внимава и на техничките правилници за прицврстување на товарот.

Физички сили

Постојано делуваат физички сили, на пр., земјина тежа, центрифугална сила или сила на триење - природните закони не запираат пред товарот на вашата приколка.

Acceleration causes loads to slide backwards

Забрзување

Приодот - Промената на брзината во определени време - тоа е забрзување. Забрзувањето предизвикува лизгање на товарот наназад.
Искусете повеќе
Brakes cause the load to move forwards towards the driver's cab.

Кочници

Спротивното забрзување - И намалувањето - кочењето - е промена на брзината. Кочењето и намалувањето на брзината предизвикуваат лизгање на товарот кон кабината на возачот.
Искусете повеќе
Cornering moves the load towards the side wall.

Возење во кривини

Странично забрзување - Кога возите во кривина, чувствувате промена на правецот: центрифугално забрзување. Предизвикува промена на позицијата на товарот во правец на страничниот ѕид.
Искусете повеќе
Weight force presses the load vertically onto the loading surface.

Тежина

Го притиска товарот вертикално кон товарната површина.
Искусете повеќе
Inertia acts counter to the semi-trailer's acceleration, braking and change of direction.

Сила на инерција

Силата на инерција го држи товарот во моменталната позиција/движење и делува спротивно на забрзувањето на возилото, кочењето и промената на правецот.
Искусете повеќе
Friction prevents or reduces displacement of the load.

Сила на триење

Го спречува или намалува движењето на товарот. Нејзиното дејство е под влијание на површината на товарот и товарната површина.
Искусете повеќе

Принципи на прицврстување на товарот

Практично може се разликуваат два принципа на прицврстување на товарот: Прицврстување со затегнување или со потиснување.

Потиснувањето се должи на интензивирање на силата на триење помеѓу товарот и товарната површина. Притоа притисокот врз товарот се зголемува со средства за врзување, коишто исто така притискаат кон товарната површина, со што товарот ја задржува својата позиција.

Притискање надолу како опција за присврстување на товарот: При притискање надолу, средството за врзување не го прицврстува товарот директно, туку преку зголемување на потисната сила. Со тоа товарот се прицврстува исклучиво преку сила на триење.

Силното прицврстување на товарот се базира врз ограничување на товарниот простор, поточно, секое парче товар се потпира на друго или на границите од товарниот простор, на пример, на предниот или на задниот ѕид.

Во пракса: товарните делови се поставуваат веднаш до предниот ѕид, задниот ѕид или страничните ѕидови (рабови за блокирање на палетите) без да има празнина помеѓу деловите.

Празнините помеѓу поединечните делови не може целосно да се избегнат, но и не смее да изнесуваат повеќе од неколку сантиметри, затоа што товарот нема да биде поставен цврсто. Потоа празнините мора да се пополнат или товарот мора да се прицврсти со соодветни мерки - врзување.

Помошни средства за прицврстување на товарот

Повеќе за:Помошни средства за прицврстување на товарот
Floor securing sleeves

Вообичаено комбинацијата од силно и стабилно прицврстување на товарот е наједноставниот и најдобриот начин да се комплетираат елементите на двата метода.

Секоја приколка нуди различни услови за да се постигне цврстина, дури и ако типот на товарот не го дозволува тоа, на пр. палети со вреќи или лошо спакувана роба.

Во помошните средства спаѓаат перфорирани шини на подот од возилото, Joloda-шини вметнати во подот, столбови за вметнување, попречни греди итн. Но товарот може да се блокира со специјалната конструкција на приколката или со каиши.


Распоредување на товарот

Сите мерки за прицврстување на товарот се приспособуваат според различните типови на товарот. Притоа треба да се внимава и на регулативата за патен сообраќај (StVO). Наложува распределба на товарот што нема да влијае ниту на сообраќајот ниту на безбедноста при работа.

Практични примери

Во секојдневниот транспорт се пренесува различен товар. Товарот треба да се прицврстува според различните потреби.

  • Авто-мото
  • Транспорт на пијалаци
  • Општ товар
  • Транспорт на хартија
  • Транспорт на калеми

Преградените палети овозможуваат брзо прицврстување на различна роба, затоа што фиксните димензии овозможуваат совршено прицврстување на товарот. Покрај цврстината на конструкцијата, постојат гранични профили за палети за странично фиксирање, попречни греди и телескопски прачки за да се прицврстат празнините и кров на дигање за да може да се товарат 3 кутии една врз друга, без разлика на висината од 3 m.

За сертифицираниот транспорт на гуми, опремата е соодветно надополнета според сертификатот Код XL со 6 реда потпорни летви и 2 реда челични летви. Вкрстено затегнати каиши на секое поле за столб ги прицврстуваат гумите по должина. Дополнително блокирање овозможуваат и страничните челични летви со тесни дупчиња. Притоа, поставените попречни греди формираат цврсто поставен парцијален товар.

Условите при транспорт на пијалаци се строги. Кај шишињата и садовите постојат разни големини и пакувања. Треба да се избегнуваат празнини кај ограничувањето на товарниот простор. Ако постои сомнеж, прицврстете го товарот со палети и врзување. Возилата чија конструкција е сертифицирана со Код XL, може да ги апсорбираат сите сили преку конструкцијата. Палетите мора да се товараат без празен простор измеѓу. За да се пополнат празнините, се користат разделни летви и безбедносни системи, коишто се фиксираат помеѓу кровот и подот.
За често различниот товар при транспортот на обична роба, товарот треба да се прицврсти со соодветни помошни средства. Една од најважните мерки за тоа е создавање товарни единици со стандардни димензии на палети. Совршени за тоа се столбовите, вертикалните потпори и осигурувачите за товар, што може да слободно да се распоредат на товарната површина. Со второ ниво во приколката, товарот може да се раздели и поединечно да се прицврсти.
Важно помошно средство за прицврстување лежечки ролни хартија се кајлите, што спречуваат движење на ролните. Сите површини треба да се обложени со подлога против лизгање, специјална за транспорт на хартија. Навалувањето на исправените ролни хартија може да се спречи со директно врзување со таканаречен главен каиш.
Транспортот на тешки челични калеми не може да се изврши без специјална опрема на приколката. Шасијата мора претходно да биде приспособена за големината на отповарувањето во една точка. Поставениот канал автоматски ја дефинира правилната позиција при товарање. Понатамошни мерки за прицврстување на товарот: столбови што се поставуваат во каналот, синџири за затегнување и алки за тежок товар.

Договори за услуги

Со соодветен договор за услуга добивате и целосна контрола врз трошоците, а ние ви овозможуваме да бидете постојано во движење!
Повеќе за:Договори за услуги
Service Partners keep you mobile and minimise your downtimes.

Финансирање

Ви нудиме поединечна понуда за финансирање со привлечни услови за вкупниот работен век на вашата инвестиција.
Повеќе за:Финансирање
Individual quote with attractive terms and conditions for the entire lifecycle of your investment.

+389 (70) 266585

Обратете ни се

За да стапите во контакт со вистинскиот претставник за продажба, испратете ни порака со вашите прашања и ќе започнеме да разговараме!