SmartTrailer

SmartTrailer

Во иновативниот концепт SmartTrailer од Schmitz Cargobull се спојуваат предностите на телематиката за приколки со целата докажана опрема на возилата во едно ефикасно транспортно решение.
Smart Trailer World

Уред за управување TrailerConnect®

Уред за управување TrailerConnect® е главен дел од нашата телематика. Универзалните можности за употреба овозможуваат најголема флексибилност. Залемената SIM-картичка спречува дефекти, а затворената поставеност овозможува безбедност и заштита од манипулации.

  • Максимална безбедност благодарение на авто-мото стандардите во согласност со највисоката класа на заштита IP69K
  • Целосна функционалност меѓу -40 °C и + 85 °C
  • Цврста конструкција за долготрајна издржливост и примена при екстремни услови
  • Едноставна и достојна дијагноза благодарение на професионалниот софтвер за пократко време на сервисирање
  • Модуларен систем што може да скалира: од основно решение до целосна опременост

Преку уредот за управување со телематика TrailerConnect® во SmartTrailer лесно и безжично се инсталираат нови функции и ажурирања. На тој начин, сите возила со SmartTrailer се ажурираат за многу кратко време, без да се оди на сервис.

  • Стандардни компоненти
  • Сензори како дополнителна опција
  • По проверка на техничките услови, возилото може да се опреми.
  • За постари возила и за возила од странски произведувачи во возниот парк.
  • Обратете ни се на: Телефон +49 2558 81-1818 или е-пошта: helpdesk@trailerconnect.de

Апликација beSmart за TrailerConnect® - за употреба на SmartTrailer

Преку апликацијата beSmart, возачите имаат постојан преглед врз состојбата на приколката и по потреба можат брзо да реагираат. Вградениот WLAN-модул на приколката овозможува комуникација помеѓу уредот за управување на телематиката и паметниот телефон. Со тоа нема да пропушите важни пораки или известувања.


Ново:
Апликацијата beSmart е достапна на 23 јазик (германски, англиски, босански, дански, естонски, фински, француски, грчки, италијански, холандски, хрватски, литвански, норвешки, полски, португалски, романски, руски, шведски, српски, шпански, чешки, турски, унгарски)

  • Анализа на температурата во товарниот простор: Погледнете ја моменталната температура и управувајте со печатачот за температура директно од паметниот телефон
  • Надгледување и управување со ладилникот: Внимавајте на работните податоци на ладилникот
  • Контрола врз истрошеноста на плочките на кочницата: Избегнувајте дефекти и оптимално планирајте ги времињата поминати во сервисната служба. Апликацијата beSmart ви ја прикажува состојбата на плочките на кочниците
  • Осно оптоварување: Подобрете ја безбедноста на пат и намалете го оштетувањето на приколката. Проверете дали осното оптоварување одговара со документите за испорака
  • Контрола на состојбата на гумите: Имајте преглед врз притисокот и температурата во гумите за да избегнете дефекти и побрзо трошење
  • Систем за затворање на задната врата: Преку апликацијата beSmart можете лесно и едноставно да управувате со системот за затворање на вратите, заштитен со PIN-код

Овде можете да погледнете како да ја поврзете апликацијата beSmart со SmartTrailer, детален приказ за поединечни функции и бројни совети за употреба на апликацијата.

Овде се наоѓа упатство за употреба на апликацијата beSmart.

  • Зошто телематиката TrailerConnect®, особено во S.KO Cool Smart, е иновативна опрема?
    Со помош на телематиката во приколката, многу процеси за надгледување и управување на возилото товарот се поефикасни и потранспарентни, а со тоа се овозможува значителна оптимизација.
  • Кои предности ми ги овозможува еден OEM-систем?
    Сите компоненти во приколката се оптимално поврзани во мрежа, одговараат едни со други и се професионално инсталирани според тековните авто-мото стандарди. Тоа овозможува висок квалитет и максимална достапност на системот.
  • Освен информациите за местоположба - што уште може телематиката на мојата приколка?
    Покрај информациите за местоположбата, телематиката на приколката овозможува интелигентно поврзување во мрежа и брза дијагноза на сите компоненти како и систем за безбедно управување со температура. Со вистинскиот систем за телематика се оптимизираат процесите и се зголемува безбедноста при транспорт.

+389 (70) 266585

Обратете ни се

За да стапите во контакт со вистинскиот претставник за продажба, испратете ни порака со вашите прашања и ќе започнеме да разговараме!