Податочна услуга со телематика
Со телематиката TrailerConnect® ги добивате сите потребни информации за вашите возила. Висококвалитетните технички компоненти и сензори ги собираат податоците за вашата приколка и ги приложуваат до податочниот центар за телематика.

Предности
Преку порталот TrailerConnect® имате постојан преглед за состојбата на приколката и товарот. Сите податоци, случаи, известување или информации за местоположбата во вистинско време, а по потреба може и да се филтрираат. Извештаите може да се извадат како документи со формат PDF или Excel.
- Постојан преглед врз состојбата на приколката и товарот
- Функција за филтрирање за посебен приказ
- Само неколку клика до посакуваната анализа
- Јасен приказ на претходните настани, температури и позиции
- Едноставен извоз на податоци
- Избор на временскиот период за процена
- Без мирување на возилото поради порака за предупредување
- Документација на техничките настани и информации за отстранување на проблемите
- Консолидирање на податоците од телематиката од разни произведувачи
Кратки примери за примените
-
Систем за управување со тури
- Јасна процена на поединечните тури (со претходни настани, температури и позиции)
- Функција за извоз за поедноставен пренос на податоци
- Избор на временскиот период за процена благодарение на едноставната функција за зумирање
Прочитајте повеќе -
Систем за управување со возен парк
- Хронолошко зачувување на сервисните информации за сите делови од приколката (ладење, податочна единица, сензори, актуатори)
- Правовремените предупредувања за сервисирање спречуваат неактивност на возилото
- Документација на техничките настани со внесување на времето и местото на настанот и на отстранувањето на проблемот
Прочитајте повеќе -
Преглед на статусот
- Преглед на сите важни и моментални податоци за приколката заедно со дел од мапата
- Групирање според возила и функција за филтрирање за да добиете поединечен приказ
- Само неколку клика до посакуваните функции и анализа
Прочитајте повеќе

Голема флексибилност
Извоз на податоци: Определување на информациите за телематика од TrailerConnect® преку API-интерфејс на други софтверски системи, коишто ги користите во вашата компанија.: Поврзување податоци за телематика од други произведувачи во порталот TrailerConnect® преку генерички интерфејс за увезување.
Примена во индустријата
-
Безбеден транспорт со ладилнициНајмалите температурни промени може да влијаат врз трајноста и квалитетот прехранбените и фармацевтските производи. Со TrailerConnect® управувате со температурните услови на ладилникот. Системот испраќа информации за температурите и влажноста во товарниот простор, за нивото на гориво во резервоарот и за работата на ладилникот. Со помош на овие правовремени податоци можете да го документирате транспортот со ладилници според DIN EN 12830.Прочитајте повеќе
-
Диспозиција на возилоTrailerConnect® на клиентите им нудите модерно опремена и флексибилна приколка. Имате преглед врз сите ваши возила и пристап до сите важни информации од системот за управување со возен парк. Техничкото надгледување овозможува превентивно сервисирање за да се спречи неактивност на возилото. Со големата транспарентност што ја нуди системот, може да се извршат модели за пресметка во однос на употребливоста.Прочитајте повеќе
-
Безбедност при транспорт во интермодален сообраќајСо TrailerConnect® го надгледувате и управувате со транспортот на единици во интермодалниот сообраќај со железница и ферибот, како и при меѓустаници во регионалниот сообраќај, за да пристигне товарот безбедно до целта. 2-насочната комуникација на важните функции овозможува и безбедно ракување од канцеларијата на шпедицијата, ако некој возач не може да преземе ништо на самото место.Прочитајте повеќе
-
Виртуелна географска границаПри употреба на виртуелна географска граница, конфигурирајте области што сакате да ги надгледувате. TrailerConnect ги определува тековните податоци за позиција на приколката и праворемено определува кога приколката влегува или излегува од конфигурираната област. Ќе добиете известување и ако возилата предолго време се наоѓаат во таа област. Преку функцијата за виртуелна географска граница можете да го отворите и затворите системот за затворање врати TL3 во S.KO COOL SMART автоматски.Прочитајте повеќе
-
Систем за управување со возен паркTrailerConnect® поврзува информации за вашиот возен парк на интелигентен начин. Податоците за сите компоненти на приколката, како ладење, податочна единица и сензори се зачувани хронолошки. Правовремените предупредувања за сервисирање спречуваат неактивност на возилото. Сите техничките настани се документираат со внесување на времето и местото на настанот и на отстранувањето на проблемот.Прочитајте повеќе
-
Проактивно надгледувањеСо системот за централно надгледување ладилникот на S.CU на Schmitz Cargobull може да се спречуваат дефекти. Ќе бидете проактивно информирани за критичната состојба на ладилникот. Сервисниот партнер однапред ги добива сите потребни информации и може да нарача резервни делови и да ја планира работата во работилницата. Со тоа престојот во работилницата се сведува на минимум и се заштедува време. Учеството во овој систем е доброволно.Прочитајте повеќе
Тоа го велат нашите клиенти

Развитокот на целата логистичка индустрија напредува со брзо темпо. Сега е важно да се имаат вистинските партнери, особено во областа на телематиката.
Олаф Дуден, одговорен за возен парк, EURO-Leasing GmbH

Нашата цел е да ги гарантираме безбедноста и можноста за следење на производите. Тоа го постигнуваме со праворемено проследување на податоците за температура и позиција.
Катја Зајферт, возен парк и осигурување, шпедиција Kaiser & Schmoll

При интермодален транспорт на расиплив товар мора да се знае каде се наоѓаат возилата и да се гарантира дека ќе се одржи транспортот со ладилници.
Филип Вегмилер, претседател на компанијата railCare AG

Сертифицираните извештаи за температура и софистицираниот систем за управување со аларм и температурата се многу важни за транспорт на фармацевтски производи.
Герт Каутецки, шпедиција Kautetzky

Преку точките од виртуелната географска граница се известување кога ќе застане приколката за да можеме однапред да ги планираме потребните поправки и одржувања.
Саша Кост, управување со возен парк, Transporte Jankowski

Во новиот портал за телематика 2.0 имаме прегледене и директен контакт до сите информации за нашите возила - по потреба и преку паметен телефон или таблет.
Ронја Асман, возен парк, Assmann Logistik GmbH
Апликација beUpToDate на порталот TrailerConnect®
beUpToDate - за удобно и едноставно надгледување на возниот парк преки паметен телефон. Апликацијата beUpToDate овозможува навремен преглед на сите важни податоци за возниот парк и ја прикажува позицијата на сите приколки на мапата.
Наш тарифен модел
Голем број можности, скроени според потребите на вашата компанија
Тарифните модули можете да ги нарачате според потребата. Со модулот „TrailerConnect Info“ добивате информации за надгледување на возниот парк. Со „TrailerConnect Control“ имате достоен систем за управување со важните функции на возилото. Сите податоци се чуваат 12 месеца, а по потреба и подолго. Со нашите дополнителни модули добивате целосна транспарентност за возниот парк и сте подготвени за сите предизвици во секојдневниот транспорт.
ИНФО
-
Управување со ладен синџирПодатоци за температура и ладилници заедно со функција за известувањеПрочитајте повеќе
-
Податоци за позиција и EBSИнформации за позиција на приколката и EBS-податоциПрочитајте повеќе
-
Geo (лоцирање со голема прецизност)Прецизно определување на позицијата на приколкатаПрочитајте повеќе
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
-
Систем за управување со туриКонтролна табла за детална анализа и процена на извозените туриПрочитајте повеќе
-
Споделување податоциПроследување на податоците до друг корисник на порталот TrailerConnect®Прочитајте повеќе
-
Систем за управување со настаниКонфигурации за аларм заедно со систем за известувањеПрочитајте повеќе
-
Систем за управување со возен паркКонтролна табла за информации за услуги и дијагнозаПрочитајте повеќе
-
И сите функции од тарифата INFOПрочитајте повеќе
КОНТРОЛА
-
Далечинско управувањеДалечинско управување на системот за затворање на задната врата и ладилникотПрочитајте повеќе
-
Далечинско заклучување на врататаДалечинско управување на системот за затворање на задната вратаПрочитајте повеќе
-
И сите функции од тарифите INFO и ALERTПрочитајте повеќе
Дополнителни функции
-
API за извоз на податоциПроследување на податоците преку API-интерфејсот на систем од трето лицеПрочитајте повеќе
-
Складирање податоци +Продолжување на периодот за складирање на податоците за уште 12 месециПрочитајте повеќе
-
Интервал на податоци 5 минутиНадградба на секои 5 минути кога е вклучен моторот на возилотоПрочитајте повеќе
ЧПП
-
Зошто телематиката TrailerConnect®, особено во S.KO Cool Smart, е иновативна опрема?Со помош на телематиката во приколката, многу процеси за надгледување и управување на возилото товарот се поефикасни и потранспарентни, а со тоа се овозможува значителна оптимизација.
-
Кои предности ми ги овозможува еден OEM-систем?Сите компоненти во приколката се оптимално поврзани во мрежа, одговараат едни со други и се професионално инсталирани според тековните авто-мото стандарди. Тоа овозможува висок квалитет и максимална достапност на системот.
-
Освен информациите за местоположба - што уште може телематиката на мојата приколка?Покрај информациите за местоположбата, телематиката на приколката овозможува интелигентно поврзување во мрежа и брза дијагноза на сите компоненти како и систем за безбедно управување со температура. Со вистинскиот систем за телематика се оптимизираат процесите и се зголемува безбедноста при транспорт.
Медиуми
-
Прирачник - телематика на Schmitz Cargobull